„Не е важно колку е голем хаосот околу тебе, туку колку е присутен мирот во тебе“: Моќна порака на Сузана Турунџиева

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Турунџиева која е дел од утринската програма на Алфа ТВ неретко  на социјалните мрежи споделува мудра мисла и порака која навистина може да ви помогне или пак да ве замисли. Па така и овој пат на фотка на која е таа на плажа и со широка насмевка напиша: „Не е важно колку е голем хаосот околу тебе, туку колку е присутен мирот во тебе...“.

Турунџиева која е и пејачка, професор по музичко, но и писателка која има објавено 9 книги, на Инстаграм често открива и дел од нејзиното секојдневие, и каде прошетала, па нејзините слики од плажа навистина воодушевуваат бидејќи како дама која е во шестата деценија од животот изгледа фантастично. 

На нејзиното тело може да ѝ позавидат многу помлади девојки.

А во последното нејзино интервју за Женски магазин,Тутунџиева вели:„Признавам дека имаше години во кои водев борба со себе, со животот, со судбината, со сите мои таленти и бев лута на сѐ, буквално на сѐ, но како поминуваа годините, сфатив дека не смеам да останам лута и дека веројатно сѐ што ми се случило и не ми се случило е со некаква причина. Така решив да склучам примирје со животот и да почнам да работам на себе, да се самоисцелувам, да се составувам, да си ги разбудам повторно талентите кои несвесно ги затворив во „фрижидерот за длабоко“, целото изнтервју прочитајте го ОВДЕ.


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М