,

Не е за оние со „слабо“ срце: Популарната актерка ја откри интимата (ФОТО)

Меган Фокс покажа повеќе отколку што требаше!

Папарацо фотографите на актерка Меган Фокс и нејзиниот вереник Машин Ган Кели станаа хит на социјалните мрежи, а истите се направени на излегување од престижен ресторан во Малибу. Парот го привлече вниманието на јавноста со својот изглед и стил, а особено беше забележлив провокативниот фустан на Меган, кој откри повеќе од вообичаеното кога се во прашање јавните настани.

Меган Фокс ноисеше провокативен бел фустан со четири шлицови со врвки кои ја откриваа нејзината беспрекорна фигура. Овој фустан дефинитивно бараше храброст и самодоверба, а Меган го носеше со извонредна елеганција. Нејзиниот изглед го комплетираше со проѕирни сандали, сребрена чанта и скап накит, додека над се носеше бел мантил. Ова издание дефинитивно нема да остане незабележано.

Кели пак избра понеформална облека во неговиот препознатлив стил - црни, кожени, широки панталони и дуксер, со впечатлив накит и чизми со предимензиониран ѓон. Неговиот лежерен стил беше во контраст со гламурозниот резултат на Меган, но и двајцата привлекоа внимание со својот изглед.


Фото:Инстаграм