Не ги препозна усните кои ги бакнуваше 10 години: Џенифер Анистон насмеа многумина и ги изненади во една емисија (ВИДЕО)

Џенифер Анистон гостуваше во емисијата „The Ellen Show“...

Познатата актерка Џенифер Анистон секогаш привлекува внимание со својата појава и изјави, а нејзиното гостување во емисијата на Елен Деџенерис насмеа многумина. Познатата водителка секогаш има интересни игри во својата емисија кои се интересни на публиката.

Се сеќаваме на сите реплики на Џенифер од серијата „Пријатели“, а се уверивме и дека паметењето одлично ја служи, меѓутоа, во една игра сепак не беше толку успешна. Имено, таа доби задача да ги препознае усните на сите мажи со кои се бакнувала на снимањата.

На почетокот Анистон ги погоди сите од прва, а актерот кој едвај го препозна е Дејвид Швимер, со кој се бакнуваше 10 години на сетот на „Пријатели“.


Ова насмеа многумина, па и самата Елен, а Џенифер дури и се засрами. Како и да е, целата игра се заврши со многу смеа, а Елен на самиот крај ѝ покажа усни од жена, а стануваше збор за Кортни Кокс, долгогодишната колешка и кума на Џенифер.

фото: Принтскрин / Инстаграм