НЕ ИМ ДАВАМ СТО ДЕНАРИ ЗА ПАРКИНГ: Гостите на „Македонско село“ ги оставаат автомобилите на патот за Водно

Добивај вести на Viber

Паркингот под комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези вчера остана празен, иако ресторанот беше полн. Повеќето од гостите на ресторанот ги оставаа автомобилите на паркингот над црквата Свети Пантелејмон кој е бесплатен, за разлика од двата големи паркинзи под ресторанот кои се наплатуваат.

Дел од гостите, за да не платат паркинг, ги оставаа автомобилите на патот накај Средно Водно 

Првиот час во зонско паркирање во недела и на празници чини 100 денари, а секој нареден час се наплатува 50 денари. Паркингот се плаќа и во сабота од 9 до 16 часот, а бесплатен е во работните денови.

Дел од луѓето што беа дојдени на излет или на прошетка во црквата Свети Пантелејмон со паркинг се снаоѓаа оставајќи ги автомобилите покрај патот кој води накај Средно Водно . „Не им давам сто денари за еден час паркинг“, беа коментарите на дел од возачите кои не беа информирани дека е воведено зонско паркирање. (М.Џ.)

Паркингот над црквата Свети Пантелејмон е бесплатен