Не им се потсмевајте на „патлиџан – туристите“: Подигнете им споменик затоа што последните пари ги дале за на морето
Дури 28 отсто од Германците не можат да се почестат со еднонеделен одмор, а за жал морето нема да го видат голем дел и од Македонците. Дури ниту нашите „стари патлиџан -туристи“, Чеси не можат да одат на море - 18 отсто од нив немаат доволно пари да одат некаде и да јадат една недела. Податоците се од официјални истражувања објавени од Евростат за оваа година.
Туристичките работници се жалат на т.н „патлиџан–туризам“ затоа што туристите трошат многу помалку пари на туристичкото место. Тие би биле посреќни ако туристите ги купат тие домати кај нив за тројно поскапа цена - во ресторан. „Патлиџан – турист“ си ако не трошиш за ништо друго освен за сместување.
Еве што вели еден угостител од Далмација, Хрватска за туристите кои се верни на ваковиот туризам, кој во минатото беше актуелен.
„Бидејќи во последната деценија нашите соседи од Босна и Херцеговина, кои беа заменети со Чеси, беа трн во окото на многу ресторани и поради тоа, како Далматинец, се чувствувам лошо кога читам такви изјави, сакам да кажам една неугостителска порака. „Патлиџан – туристи“ – Ви честитаме што успеавте да дојдете и покрај беспарицата.
Секоја чест за вас што заштедите за да патувате со полни багажници и да пестојувате некаде кај наши луѓе, кои од година во година ви наплаќаат се повеќе за истиот стан со исти даноци. Сега ќе скокаат и ќе викаат: „Епа струјата поскапи!.
Точно, но не за 150 отсто, бидејќи цените пораснаа во последните неколку години. Сега се фалат дека имаат начин да ви ја исклучат климата додека не сте во станот, зошто би ве дочекал разладен простор? Кога ќе дојдете да се капете, капете се во пот.
И знаете што е најсмешното нешто?
Истите луѓе што ве исмеваат ќе одат на скијање зимава, ќе носат сарми и грав преку граница за да заштедат пари.
Нашите носат храна на скијање, но имаат среќа затоа што не се гледа дека сие „патлиџан – туристи“ во затворен стан. Оние на плажа веднаш се откриваат. Посебно ги нервираат сопствениците на брза храна и барови на плажа.
Тие безобразни сами си носат вода на плажа, па и сок во пренослив фрижидер и на тој начин избегнуваат да му платат на концесионерот 20 евра. На секоја поголема плажа има барем 10-20 од тие „патлиџан – туристи“, но сите тие 200 луѓе сигурно донеле шише вода со себе и некои бисквити. Треба да им се забрани!“, е ставот на еден угостител од Далмација.
Неговиот став за „патлиџан – туризмот“ го пренесуваме во целост подолу.
„Денеска да се дојде до море и да се плати сместување е успех, речиси половина од населението во Хрватска не може да го направи тоа. Поставете споменик на секој што ќе дојде кај вас. И никогаш повеќе не кажувајте никому дека троши премалку. Затоа што за некои тоа е премногу“.
Потребни ни се „квалитетни“ гости кои ќе платат по 5 евра за половина литар вода, иако е добра од чешма, а ќе јадат патагониски лигњи за 25 евра. И се срамам во име на тие што ги довикуваат гостите.
Срамота е да се нарече некоj „патлиџан – турист“ затоа што тој турист доаѓа кај нас со она што го има. Сигурно не спие на плажа, а децата треба да купуват и сладолед кој не може да се спакува. „Патлиџан – туристите“ ни спасуваа сезони кога не бевме популарна дестинација. На крајот на краиштата, сите пораснавме грицкајќи нешто на плажа. Тогаш секој можеше да си дозволи една недела на море. Порано се носеа домати од Загреб до море, но ние само накриво ги гледавме Чесите затоа што очекувавме да не се однесуваат како нас.
Извор: Zadovoljna.dnevnik.hr