Животна училница // Приказни
Не издржа и ја загуби битката со ракот: Почина струмичанката Елеонора Ташева за која се собираа донации за лекување во Турција
- 08 Септември, 2024
Струмичанката Елеонора Ташева за која изминатиот период се бараше помош за лекување во Турција, ја загуби битката со ракот.
Оние кои ја познаваат за неа велат дека била весела, топла и несебична личност која секогаш помагала на другите.
Изминатиот период се соочуваше со најголемата битка, која некогаш ја водела во нејзиниот живот и која за жал ја изгуби.
Нона боледуваше од рак на желудник кој беше во напредна фаза.
Турција беше местото каде што се гледаше спасот, бидејќи во оваа земја постојат иновативни опции за третман на рак на желудникот.
На социјалните мрежи блиски пријатели и роднини се простуваат од Нона.
Фото: Инстаграм