Не излегол од диско цела недела: Детали од прославата за раѓањето на внукот на Брена

Раѓањето на својот прв син, Филип Живојиновиќ го славевел цели пет дена по ред. Заедно со него биле членовите на семејството и пријателите, а најголема поддршка му ја дал кумот, Милош Теодосиќ кој само неколку дена пред да се роди синот на Филип, ја добил ќерката Петра.

Славењето за синот Александар, кај Филип Живојиновиќ траеше со денови, а кумовите излегувале и се забавувале до раните утрински часови, вели изворот на „Курир“, сопственик на еден белградски клуб каде што двајцата татковци биле неколку вечери по ред.


Пријовиќ со Филип и со синот Александар пред неколку дена, кога ја напуштија болницата 

„Беа многу расположени и ги честеа сите по ред. Првата вечер го затворија клубот, останаа последни, до рано наутро. Следната вечер, не ги очекувавме, но тие продолжија да слават со истото темпо“, вели сопственикот на клубот. 

На фамилијарната прослава, меѓу многуте гости од српската естрада, запеала и бабата на Александар, Лепа Брена. Сопругата на Филип, пејачката Александра Пријовиќ пред неколку дена излезе од приватната болница во Белград, од таен излез, облечена во тренди фустан.