Не излегува од дома и не јаде: Се огласи сопругата на Шаулиќ
Гордана Шаулиќ е неутешна по смртта на својот сопруг, пејачот Шабан Шаулиќ. Таа одбива да ја напушти семејната куќа на Дедиње кај Белград, пишува Србија Данас.
Децата повеќе пати ѝ предлагале да отпатува некаде, за да се одмори, но таа одбива.
„Гордана е многу лошо. Воопшто не излегува од дома, а ја посетуваат ќерките и пријателите. Меѓу нив се и кумовите Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш, со кои понекогаш седи и разговара по цела ноќ. Ретко спие и слабо јаде. Таа не сака да го напушти Белград и како да чека Шабан секој момент да се појави“, изјавил изворот за српските медиуми.
„Ве молам, имајте разбирање во овие тешки денови и мигови. Како да бидам? Се борам“, рекла Шаулиќ за босанскиот портал Аваз.ба.
На крајот на март ќе се навршат 40 дена од смртта на легендарниот пејач на народна музика кој на 17 февруари загина во сообраќајна несреќа во Германија, по настап. Автомобилот во кој се возел Шабан удрил во возило со кое управувал турски државјанин во алкохолизирана состојба.
Фото: Србија Данас