„Не ми се верува дека помина половина година“: Симона Поповска има повод за славење
Др. Симона Поповска е успешна како дерматолог, но исто така таа има и солидна музичка кариера.
Пејачката пред 6 месеци го роди својот втор син, Стефан. А поминатите 6 месеци од раѓањето на нејзиниот втор син таа го сподели со јавноста со фотографија од торта со меченце, но и од неа и 6-месечното детенце.
Поповска,многу бргу по породувањето, односно само 2 месеци по раѓањето на Стефан си ја врати линијата и изгледа фасцинантно.
„Среќни 6 месеци малечко мое! Не ми се верува дека веќе помина половина година, времето минува брзо. Да се биде мајка на две деца е предизвикувачки, но исто така е и неверојатна награда. Кога ве гледам тебе и брат ти како растете и учите заедно е најубавото чувство на светот“, напиша Симона на Инстаграм - стори.
Инаку, Поповска има уште еден син, Никола кој е прва радост на пејачката.
Фото: Инстаграм -Симона Поповска/Youtube - screeshoot
Пејачката и докторка Симона Поповска ја покажа мајка си: Очигледно таа ја наследила убавината од неа