Пејачката и докторка Симона Поповска ја покажа мајка си: Очигледно таа ја наследила убавината од неа

Добивај вести на Viber

Пејачката и докторка Симона Поповска е една од најубавите дами кај нас, а сега знаеме од кого ја наследила убавината.

Имено, на својот Инстаграм профил Поповска откри дека нејзината мајка прославила роденден. Снежана наполнила 60 години, а според фотките таа изгледа навистина одлично. А очигледно и пејачката убавината и витката става ја наследила од својата мајка.

„Среќен роденден на најпрекрасната мајка на светот! Ти благодариме за се‘ што правиш и за личноста која си. Ти посакуваме специјален ден, како што си специјална ти - полна со љубов, насмевски и сите твои омилени нешта. Те сакаме многу! Среќен роденден мама!“, напиша пејачката на Инстаграм стори.



Фото: Инстаграм - Симона Поповска