Не можам да пеам додека родителите во Србија ги оплакуваат децата: Лук Блек ја откажа евровизиската ...

Српскиот претставник на Евровизија Лук Блек ја откажа пробата пред музичкиот фестивал откако дозна за масовните убиства.

- Во мојата земја се случи страшна, страшна трагедија. Длабоко се потресов кога слушнав ваква страшна вест - изјави Лук Блек, кој моментално е во Ливерпул, додавајќи дека ја откажал пробата на Евровизија поради лошите вести.

- Толку се згрозив кога слушнав што ја откажав мојата евровизиска аудиција поради шокот. За мене беше незамисливо да пеам во време кога лекарите се борат за детски животи, додека родителите ги оплакуваат своите деца – истакна Блек, кој вели дека ако неговата песна „Само ми се спие“ не праќала порака за ужасите што се случуваат околу нас, од кои бегаме за да потонеме во сон, би размислил за значењето на неговиот настап.

Инаку, Лук Блек на свеченото отворање на Евровизија имаше црна лента на сината кошула во знак на жалост за трагично настраданите жртви во родната земја.

Првото евровизиско полуфинале ќе се одржи утре, 9 мај, кога ќе настапи српскиот претставник, а финалето е закажано за сабота, 13 мај.