Не можев да кажам на глас, туку и напишав писмо на мајка ми-Васил Гарванлиев ќе ја отвори втората парада на гордоста
Македонскиот претставник на годинашнава Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје.
Според организаторот, настанот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.
Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
„Се вратив во Македонија пред три години затоа што верувам во нашиот талент, во нашите корени. Во 2019 се одлучи претставникот на Евровизија секоја година ќе ја отвора Парадата на гордоста. Требаше лани, но светот како што знаеме лани застана. Се чувствувам безбеден, но има мала резерва кај мене од март кога настана целиот скандал после спотот. Почнав да се будам со илјадници пораки, но признавам дека до ден денес тој сајбер булинг не е престанат“, изјави во Утрински брифинг Гарванлиев.
Деталите читајте ги на Фактор тука.