Не можевме да ја спасиме: Последните денови на Дивна Карлеуша
Ден пред да почине, познатата новинарка и радио-водителка Дивна Карлеуша, била во многу лоша состојба, пишува српски „Курир“.
Новинарката, мајка на пејачката Јелена Карлеуша почина во неделата во Белград, по долга борба со ракот.
„Ѝ се слоши во саботата и веќе од тогаш постои страв од најлошото. Брзата помош брзо стаса, а на Јелена не сакаа ништо да ѝ кажуваат затоа што веќе имала закажан настап во Австрија. Меѓутоа, во неделата, брзата помош не стаса да ѝ помогне на Дивна, лекарите само констатирале смрт. Не можевме да ја спасиме. Страшно е ова што се случи“, изјави извор близок до семејството за „Курир“.
Дивна е погребана вчера во Белград, а срспките медиуми пренесоа дека на нејзината ќерка Јелена која била многу врзана за мајката ѝ се слошило на погребот.