„Не правете од децата несреќни луѓе“: Ако ги казнувате на овој начин, психолог вели дека последиците се погубни

Добивај вести на Viber


Поради честото „испаќање во ќоше“, детето ќе прерасне во возрасен човек кој ќе избегнува и најмал конфликт и дискусија, наместо да научи да го решава проблемот преку комуникација.

Австралискиот деловен стратег и психолог Кервин Реен, кој на своите семинари и работилници често се занимава со родителство, а инаку и самиот е татко, објаснува дека ваквото однесување на родителите во воспитувањето на детето дава само краткорочни резултати.

- Во тој момент ќе го добиеш тоа што го сакаш, детето да се смири, но некаде до 14-тата година на детето ќе сфатиш дека воспитуваш бунтовник – рекол тој. Тој објасни дека кога го воспитуваат детето, родителите истовремено го тренираат, односно го учат како да се однесува во одредени ситуации, но испраќајќи го во ќош, нема да научи како да се справи со своите чувства.

- Поради честото „испаќање во ќош“, детето ќе прерасне во возрасен човек кој ќе избегнува и најмал конфликт и дискусија, наместо да комуницира и да се соочи со некого или нешто на каков било начин, дури и да се расправа кога тоа е потребно – изјави Рае, а пренесува The Sun.

- Ми требаше ова – напиша една мајка на Инстаграм и објасни како секогаш избегнува да го казнува своето дете. Таа вели и дека често чувствувала притисок веднаш да го смири своето дете со сличен метод, но досега успешно го избегнувала, знаејќи дека позитивниот одговор на детето е краткотраен.

– Сега ми потврдивте дека не треба да го правам тоа, благодарам – додаде таа.

Сепак, имаше секако родители кои не се согласуваа со размислувањата на овој стратег.

- Испраќањето на детето во ќош треба да му помогне на детето брзо да се смири и да ги контролира своите чувства – напишал еден татко кој вели дека повеќето деца дури тогаш се подготвени да разговараат и дека некои деца не треба ни да започнат разговор пред тоа.

– Единствениот проблем е што многу родители подоцна забораваат на тој разговор – додаде тој.

Како се справувате со овие ситуации?

Фото:фрипик