„Не се гради среќа на туѓа несреќа“: Бремената Мина, девојката на Огнен Амиџиќ ги објави страшните пораки кои ги добива
Огњен
Амиџиќ и Мина Наумовиќ го чекаат своето прво бебе. Иако многумина со нетрпение ја
очекуваат приновата, има и луѓе кои не мислат така, а Мина овој пат и јавно им
одговори.
Имено Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ започнаа врска откако се разведе од манекенката Данијела Димитровска и наскоро ќе добијат бебе. Сепак, бидејќи Мина е многу активна на социјалните мрежи, често добива негативни коментари, а еден мораше да сподели и со своите следбеници.
Мина се снимала себеси во автомобилот, а потоа добила порака од непозната жена.
-„Не се гради среќа на туѓа несреќа, за џабе снимате и се сликате “- гласела пораката која Мина веднаш ја сподели со јавноста и ѝ одговори.
- Смисли нова реченица, биди оригинална, добивам по 100 такви дневно и веќе не ме забавува, а сакам да се забавувам. И терапијата пред спиење е задолжителна. Разбирам дека секој од нас води некоја своја битка, но не дозволувајте да бидете злобни, тоа ќе ве повреди уште повеќе – заклучила Мина.
Фото:Instagram/screenshot