НЕ СМЕ СВЕСНИ, А ТРЕБА: Виртуелниот свет го голта вниманието на децата

Добивај вести на Viber

Експертите велат дека раната изложеност на дигитални медиуми предизвикува промени во развојот на мозочните структури и однесувања...

Прво детето го научиле на мајчиниот мобилен телефон да пронајде видео-играчки, а потоа ги кажало првите зборови. Наместо плишено мече, за прв роденден најверојатно се израдувало на некоја „паметна играчка“ , а пред да почне малиот да го држи ножот и вилушката знаел како се пребарува Јутјуб. Мобилниот телефон стана замена за топка, игра, врсници, но животот со таблет и смартфон имаат своја неврофизиолошка цена, а таа цена е -нарушување на вниманието.

Дотаму што дури може и на наставниците во школо да им ја поремети работата.

Имено, најнови истражувања сведочат дека вниманието на современи мали деца изнесува 10 минути а психолозите предупредуваат дека на школските деца вниманието во последната деценија им опаднало за половина, што коиндицира со масовната употреба на паметни телефони. Родени во целосно компјутеризиран свет и не знаат како изгледал светот пред интернетот, поради што често ги нарекуваат „дигитални новороденчиња“.

Д-р Оливер Видојевиќ, детски психијатар од Институт за ментално здравје во соседна земја, истакнува дека намалувањето на детското внимание е нормална последица на фактот дека малите деца од раѓањето се бомбардирани со тон стимуланси од виртуелниот свет.