„Не сум убава како Бекам, но задоволна сум со себе“: На прагот на деветтата деценија Хелен Мирен не се плаши од стареење

Актерската дива не се смета себеси за убава

Хелен Мирен е вистинска актерска икона и привлекува огромно внимание каде и да се појави, а ги воодушевува жените затоа што е многу привлечна и негувана во осмата деценија, но и поради начинот на кој ги носи своите години.

Во последно време се повеќе актерки и познати дами гордо покажуваат знаци на старост на лицето и косата. Тие носат сиво и се борат против „теророт“ на младоста. Меѓу нив е и филмска дива која откри дека не се смета себеси за убава жена.

„Императив е да препознаеме дека убавината постои. Меѓутоа, кога зборуваме за луѓето и убавината, токму тука имам проблем. Терминот „убавина“ ги исклучува луѓето кои не се „убави“. Јас секако би се вклучила во таа група. Знаете, јас сум нешто друго и многу сум среќна со тоа што сум. Но, не сум убава како Дејвид Бекам“, изјави актерката која ја издвои Кејт Мос како убава жена.

"Кога ќе запознаете некого, таа личност не мора да биде убава за да биде интересна. Многу повеќе е за тоа каква личност е. Начинот на кој некоја личност влијае на вас има врска со неговата самодоверба", рекла актерката и истакна дека на шминката не треба да се гледа негативно доколку ни ја подига самодовербата

"Стареењето е природен дел од животот. Мораме да го прифатиме. Тоа не значи дека не треба да изгледате најдобро, без разлика на возраста. Поминувам часови пред огледалото, не се обидувам да изгледам како модел или било што, но јас едноставно сакам да експериментирам. Прифаќањето на себеси е една од најважните работи во животот“, изјавила актерката.

Извор: Најжена

Фото: Инстаграм