Не треба да бидете во центарот на вниманието: „Живејте да не ве забележуваат“ - ослободете се од замката на егото и ќе имате убав и мирен живот
Познатиот
мистик Ошо и автор на книги за саморазвој, објасни зошто потребата да се биде
во центарот на вниманието е често сосема
погрешна кога е во прашање нашиот развој, како и за тоа колку е важно да се обидеме да самоанализираме за да го запознаеме
нашето срце подобро.
Тој вака пренесува:
„Не барајте внимание. Живејте за никој да не ве забележи. Живејте како да не постоите. Движете се за никој да не ги слуша вашите движења и никој да не се сомнева дека сте тука. Само тогаш ќе ја доживеете „експлозијата“ наречена духовност. Во спротивно, егото секогаш, како тежок камен, ќе ја блокира можноста за таа „експлозија“. Ќе ве изеде одвнатре.
Зошто барате внимание? Бидејќи не сте сигурни во себе, не знаете кој сте. Но, како ќе знаете кој сте, со толку многу внимание? Не можете да знаете кои сте гледајќи се во огледало, а не можете да знаете кои сте ниту гледајќи во очите на другите, без разлика дали ве ценат или критикуваат, тие очи не се ништо друго туку огледала: пријателски или непријателски, сепак се само огледало. За да се спознаете себе мора да погледнете во себе, мора да направите една искрена самоанализа. Егото живее од вниманието. Тоа е една голема лага. Сфатете го тоа и излезете од него. И штом ќе излезете од него, ќе почувствувате една ведрина, многу работи ќе ти станат појасни, ќе почувствувате тишина што го надминува секое разбирање, тишина – природна, спонтана, како и блаженство. Колку повеќе работите на самоспознавањето и прифаќањето на себе толку поскоро ќе почувствувате вистинска среќа.“
Фото:freepik