ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Не треба да се оправдувате, треба да живеете!

Добивај вести на Viber

Не треба никому да му го опишувате својот живот, не мора да се трудите да се докажувате, не мора никому ништо да му покажувате, само живејте. 

Не треба од луѓето да барате разбирање. За оние за кои вредите и онака ќе ви го дадат, а оние останатите само ќе се преправаат дека ве разбираат. 

Не мора никому да се оправдувате, да ги отварате своите скриени мисли и чувства, бидејќи луѓето и онака тоа ќе го искористат кога им дојде соодветен момент. Голем дел од животот го потрошивме барајќи потврда од непознати луѓе, да ни речат „браво“, да не пофалат.

Размислете колку време сме потрошиле за да почувствуваме како другите ни се восхитуваат, да направиме нешто големо. Размислете колку време трошиме на различни докажувања? Прво им докажуваме на другите дека вредиме, а потоа тоа истото си го повторуваме себе си.

Не треба никому да му го опишувате својот живот, оправдувајќи се, бидејќи тоа што паѓате е знак дека нешто се обидувате, а тоа што станувате е знак дека сте човек кој има образ и карактер, цел и соништа. 

Ако ви е тешко кога некој ве осудува знајте дека и себеси се осудувате. Сѐ што треба е да живеете, со помалку енергија да се докажувате и оправдувате бидејќи помалку негативни мисли и грижи ќе има во вашата глава, а повеќе убавина во вашиот живот.