Не верував дека во 20-тите години ќе се соочувам со три инвитро оплодувања: Ксенија Николова за борбата за мајчинство

Добивај вести на Viber

„Ова е наш пораз и ќе биде наша победа еден ден“

Писателката Ксенија Николова, неодамна со емотивно и сурово искрено видео им се обрати на сите парови кои се борат со стерилитет, а сега искрено прозборува за нејзината лична борба за мајчинство, во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ.

Николова призна дека вештачкото оплодувања ѝ е како добро утро, никогаш не верувала дека во 20-тите години ќе има поминато три ин-витро оплодувања, обиди, прегледи, операции, бидејќи редовно правела гинеколошки прегледи и се било во ред. Но, таа е благодарна што има поддршка од партнерот и најблиските во желбата да се оствари како мајка:

- Ова е наш пораз и ќе биде наша победа еден ден - рече Ксенија и откри дека во оваа борба ѝ значат и разговорите со стручни лица, психолози кои ѝ помагаат да ги преброди најтешките моменти.

Целото интервју со Ксенија:


Најлошо искуство на булинг доживеав од друга жена: Искрено со писателката Ксенија Николова


(ФОТО) Нежна невеста: Ксенија Николова се омажи во краток и необичен невестински фустан