Не вреди да се нервираш: Бабата Петрица од Краљево има 98 години, штотуку сруши рекорд, а ова се нејзините совети за долговечност

Баба Петрица Бјелица направи необичен рекорд пишувајќи 3.500 песни за година и пол, пишувала по 20 песни дневно. Неодамна за ова ја доби наградата „Искорак“ од Фестивалот на креативноста на старите лица „Златно доба“.

- Тоа е мојот најголем успех и круна на моето поетско творештво, бидејќи досега имам напишано 11.000 песни. Пишувам на различни теми, пишувам што чувствувам тој ден и така натаму, што ќе ми падне на памет, а инспирацијата доаѓа сама по себе. Пишувам само еден збор и песната е готова за помалку од еден час, за околу две минути - раскажува баба Петрица.

Петрица, инаку, и во десеттата деценија од животот чита без очила, но кога треба да чита стихови што ги запишала со мали букви, користи лупа. Покрај песни, таа пишува и афоризми, а една од нејзините последни песни се вика: „Јас од 98 години“.

За долговечност, како што вели оваа баба која има две деца, четири внуци и три правнуци, потребно е да се храни здраво, а нејзиниот ритуал на исхрана е ист со години - јаде варени супи со пилешко месо. Таа се уште готви сама, додека нејзиниот син оди во набавка на намирници.

За да доживеете сто години, ова се нејзините совети:

- За долговечност потребно е да се храните здраво, но и да се однесувате здраво. Што слушаш, не слушаш, што гледаш, не гледаш, затоа што нема потреба од дискусија или расправија меѓу луѓето. Не озборувајте никого и никому не посакувајте зло, посакувајте им добро на сите. Исто така, треба да бидете доволно паметни за да се убедите дека не вреди да се грижите, бидејќи ако не можете да промените нешто, нема смисла да се грижите, заклучува баба Петрица.

Фото: Јутјуб/Принтскрин
Извор: najzena.alo.rs