„Не заработувам ништо, немам што да јадам“: Ксенија Кнежевиќ проговори за заработката по распадот на „Ураганките“
Соло кариерата ја започна по распадот на групата „Ураган“.
Ксенија Кнежевиќ постигна голема популарност во споменатата група, а сега се одрази на тоа колку заработува откако е „соло играч“.
„Сега ништо не заработувам, немам што да јадам, се шегувам. Си реков, колку и да звучи глупо, ќе се случи тоа што го манифестираш, нема да се занимавам само со музика, зошто да не се занимавам и со реклами и кампањи, со манекенство. По рапсадот ме контактираа неколку агенции од странство и тоа го правам. Нема да гладувам. Во еден момент ми здодеаа тезгите, се е исто, се повторува … па морав да застанам, да се одморам и да се посветам на некои други уметнички работи“, изјави Ксенија за Блиц и откри колку е разновидна:
„Свирам на пијано, сликам, цртам … Моите интереси се разновидни. Се гушев кога морав да одам на аеродром, дома, па на настап. Не можев. Сакав да се посветам на моите сакани и на нешто друго додека сè уште изгледам добро“, вели Кнежевиќ.
Ксенија ја претставуваше Србија со групата „Ураган“ на Евровизија во Ротердам, а сега ги коментираше овогодишните кандидати на претстојната „Песна за Евровизија“.
„Песните се премногу добри. Бресквица ја има сета поддршка, Констракта исто така, Теја Дора ми е добра пријателка, а јас во детството се дружев со Ива Лоренс. Многу од нив се пријавија и мило ми е што луѓето ќе ги слушнат овие песни и што некој ќе оди во Шведска. Кој и да оди, му посакувам многу среќа. Тоа е прекрасно искуство“, изјави Ксенија.
Фото:Инстаграм