Недвижности во вредност од 4.500.000 евра: Неда Украден има толку голем стан што телефонски им се јавува на домашните
Неда Украден важи за кралица на недвижностите, еве што поседува пејачката!
Неда Украден е една од најбогатите луѓе на српската сцена, а поседува и неколку сериозни имоти, а станот во кој живее со семејството е толку простран што мора да се јавува телефонски, наместо да се довикува.
Последен во низата нејзини станови е оној во Загреб, за кој своевремено пишуваа медиумите. Освен тоа, поседува куќа во Бока Которска, два стана на Баново брдо, како и луксузен имот во елитната населба Белград на вода.
Нејзината ќерка Јелена еднаш изјави дека станот во кој живеат е толку голем што се јавуваат на телефон.
„Среќа што имаме голем стан, па мораме да се јавуваме на телефони и да пишуваме пораки, па мама секогаш може да се изолира и да се одмори. Сепак, таа ретко го прави тоа. Мајка ми има енергија како никоја друга. има сила на змеј на сцената, а дома е нежна баба за внуците“, изјавила Јелена ќерката на Украден.
Кога се ќе се собере, пејачката има повеќе од 4.500.000 евра недвижен имот, со што се доближува со колегата Горан Бреговиќ, кој се уште го држи првото место по бројот на станови и вили што ги поседува во неколку земји во регионот.
Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs