Негова копија: Охриѓанецот Александар кој растураше во „Ѕвездите на Гранд“ го покажа татко му
Деновиве познатиот пејач кој јавноста подобро го запозна преку регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е во Австралија.
Александар Јосифовски неколку денови наназад е таму поради настапи.
На социјалните мрежи тој сподели една фотографија на која го покажа неговиот татко. Двајцата заедно позираат од едно прекрасно излетничко место One Tree Point Lookout and Picnic Area.
Мајката на Александар е исто така пејачка, за која како што вели му е пред сѐ најдобар пријател и го мотивира за секој следен настап.
Елизабета Неданоска-Јосифовска е пејачка која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица ја освои македонската публика.
Александар откри дека пред да се се пријави во музичкиот натпревар, тој и дал ултиматум на неговата мајка. Имено, таа имала голема желба нејзиниот син да се пријави во шоуто, но тој и ветил дека ќе го стори тоа но само ако таа и се врати на музиката и сними нов музички материјал.
Елизабета веќе неколку години живее во Австралија, но вели дека наскоро ќе се врати во Македонија за да го исполни ветувањето што му го дала на синот.
Елизабета изгледа неверојатно за своја возраст. За неа дефинитивно времето запрело, а на нејзиниот изглед можат да позавидат и помладите девојки.
foto: instagram