Нејзиното вистинско име е Јелена: Немам мајчински инстикт и не верувам во Бог

Добивај вести на Viber

Хелен Мирен е родена на 26-ти јули 1945-та година, како Јелена Лидија Весилјевина Миронова. Таткото по потекло е од Русија, а мајката од Англија. Таа важи за една од најотмените актерки во Холивуд.

Кариерата ја изгради исклучиво со својот талент, упорност и работа. Баш поради кариерата, нејзиниот приватен живот претрпе многу.

Хелен Мирен се омажи дури во 52-рата година од својот живот за долгодишниот партнер Тејлор Хекфорд. Никогаш не сакаше да роди деца бидејќи смета дека нема мајчински инстикт.

Неколку пати изјави дека не верува во Бог, но затоа од мали нозе верува во суштества како што се вилите.

Четири години живееше со актерот Лијам Нисон, пред да го запознае сегашниот сопруг Тејлор.


Ова се изјави на Хелен Мирен, кои ја прикажуваат нејзината вистинска личност: 

За неа: Голем трик е да научиш да живееш со тоа што си познат по тоа затоа што си кул и гламурозен, а не поради тоа што си добар.

За наградите на Академијата: Сѐ што треба да направите е да изгледате како сра*е на филм и сите ќе мислат дека сте сјаен актер. Всушност, сѐ што сте направиле е што сте дозвволиле да изгледате како срањ*. Месото се продава. Луѓето не сакаат да гледаат слики од црква. Сакаат да видат голо тело.

За титулата дама: Во Англија тоа е голема работа. Мислам дека тоа е голема чест. Но морав сериозно да размислам за тоа неколку недели. На крајот ѝ подлегнав на гордоста.

За нејзиното барање да ја интервјуира новинар, а не новинарка: Повеќе сакам да работам со новинари, бидејќи постојат низа новинарки кои се вистински кучки- злобни и гадни бидејќи сте друга жена и сакаат да се почувствувате лошо. Тоа е вознемирувачки. Многу сум внимателна кога ме интервјуира жена, секогаш чувствувам како зад грб да ми крие нож.