Некогаш слатка буцка, денес згодна убавица: Моника Црнокрак наполни 25 години

Добивај вести на Viber

Наследничката на Црнокрак Мики и Светлана вчера (13.12) славеше роденден.

Некогаш слатката буцка, денес е вистинска убавица, и наполни 25 години.

Со роденденски пораки, нејзините пријатели и најблиски и посакаа најубави желби.

Светлана објави фотографија на Инстаграм со прекрасната Моника, која е вистинска наследничка на мајка си во убавината, а на фотографијата има момент и од детството.

„Среќни 25“ , пак напиша нејзиниот татко.

Постарата ќерка Моника која дипломираше на Економскиот факултет веќе тргна по стапките на своите родители освојувајќи неколку титули за убавина.

Порака за среќен роденден на Моника ѝ упати и момчето Виктор.

„Среќен роденден љубов“ - напиша тој покрај споделените фотки.



Фото: instagram