НЕКОГАШ ТВ ЛИЦЕ, ДЕНЕС ПРВА ДАМА: Која е Тамара Вучиќ, сопругата на Александар Вучиќ?
Откако стана прва дама на Србија, Тамара Вучиќ привлекува големо внимание во јавноста. Таа е во брак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ од 2013 година. Сепак, не се знае многу за нејзиниот живот пред да стане г-ѓа Вучиќ.
Тамара Вучиќ, роденото Ѓукановиќ, е родена во Лозница во 1981 година, каде завршила основно и средно училиште. Дошла во Белград да студира, а се запишала на англиски јазик на Филолошкиот факултет.
Но, дипломирала на Факултетот за политички науки. Зборува англиски и француски јазик. За да го надгради своето знаење завршила и Дипломатска академија на МНР. Од 2010 година работи во ова министерство како советник.
Тамара Вучиќ беше ТВ-лице
Она што многумина не го знаат е дека Тамара извесно време се занимавала и со новинарство, а Тамара порано била познато ТВ лице.
Таа денес како прва дама на Србија се посветува на хуманитарната работа. Таа е исклучително посветена на хуманитарните активности, со фокус на благосостојбата на децата и важноста на раниот развој. Тамара ја покрена иницијативата за формирање на Центар за ран детски развој и инклузија под името „Орнамент на светот“. Центарот ќе биде фокусиран на обезбедување на најквалитетна помош на семејствата во однос на рана дијагноза, интервенција и современи терапии.
Продолжува на Фактор.мк