„Некои тоа намерно го постираа“: Зорана Павиќ проговори за колешките чии интимни видеа протекоа во јавноста

Добивај вести на Viber


Пејачката Зорана Павиќ со децении е активна на јавната сцена, а многумина не знаат дека минувала низ најтешките периоди кога на сите им изгледала насмеана и ведра.

Зорана сега без двоумење зборуваше за препреките и неволјите со кои се соочувала.

- Имав многу препреки во животот, но навикната сум на тоа. Некаде прочитав и многу ми се допадна: „Поентата е да играш добро и кога имаш лоши карти“. Јас не сум некоја која се откажува ни за тој креативен момент, таму умирам! Веројатно затоа Господ ви праќа некои луѓе кои ќе ви бидат ветер во грб - рече Зорана и откри каков пех доживеала пред концертот.

- Два дена пред мојот последен концерт, ми падна телефонот, а во него беа сите мои контакти. Никому не сум кажала за ова, но можеби некому ќе му биде од корист. Се случува ситуација да одам во сервис да ми го поправат телефонот и ми велат дека се е во ред со телефонот. Одам до продавница да ја сменам картичката, но од таму ми велат дека никогаш немале таков проблем и дека не знаат што се случило со мојот телефон - ја започна приказната таа, а потоа продолжи:

- Таа вечер требаше да стигнам до три проби. Влегов во колата, телефонот ми остана во продавницата и си реков: „Господи, нема да ме оставиш сама, знам“. Дали ви се верува дека за половина час мојот телефон проработе како ништо да не се случило со него. Поентата на приказната е никогаш ништо нема да решите од нервоза. Иако сум темпераментна и луда, ова ми беше важна лекција - изјави пејачката.

Многу пејачки доживеаја јавен срам откако нивните интимни снимки се најдоа во центарот на вниманието на јавноста, а сега Зорана го откри своето мислење за ваквите ситуации.

-Не знам зошто така мислам, можеби грешам, но ми се чини дека некој намерно го прави тоа, тука нешто „смрди“. Секому може да му се случи затоа што тој телефон моментално е како извор на живот. Но, навистина имам чувство дека се препознава кога некој намерно ќе пласира нешто такво, истакна Зорана.