„Некрстен „кум“ на Вито е авторот на романот „Кум“: Интервју за татковството со актерот Жарко Димоски
Актерот Жарко Димоски од Театар Комедија и неговата сопруга Андреа минатата година се остварија како родители, го добија синот Вито. Жарко добро знаел што го очекува кога ќе стане татко, а околу обврските ги делат со неговата сопруга.
Неодамна парот направи уникатна кршевка за Вито во позната винарија, каде секој детаљ е внимателно бил одбран.
ЖМ: Минатата година во вашето семејство пристигна голема радост. Со сопругата Андреа го добивте синот Вито. Дали ви се промени секојдневието откако главната улога ја доби синот?
- Очекувавме на некој начин зашто, сфаќањата коишто веќе ги поминавме почнаа да добиваат значење, случките коишто ги манифестиравме се остварија и тоа фала му на Бога е прекрасно.
ЖМ: Мајката е обично таа која ги презема обврските околу детето, но и не мора да значи дека е тоа така, има и татковци кои сериозно си ја сфаќаат улогата на татко-родител. Како е во вашиот случај?
- Еве сопругата е до мене во моментов и ми вели слободно пофали се (се смее).
Покрај сите снимања и патувања Скопје – Белград гледаме да сме заедно и заедно да правиме сè.
ЖМ: Вашиот син има и интересно и несекојдневно име. Од каде идејата или која е приказната околу Вито?
- Некрстен „КУМ“ на Вито е Марио Пузо, авторот на романот „КУМ“ еден од најдобрите романи и еден од најдобрите филмови снимен по романот.
Име што означува: Надеж, Вера … а потекнува од православното име ВИТУС.
ЖМ: Често семејно патувате, како Вито ги поднесува патувањата? Дали веќе се навикна и ужива во нив?
- Се навикнува и ужива, за сега сè е одлично.
ЖМ: Обично за машките деца велат дека многу повеќе се приврзуваат за мајките. За кого вашиот син во моментов е повеќе приврзан, за мама или за тато?
- Подеднакво за двајцата.
ЖМ: Какви активности имате по дома и во која фаза е Вито во моментов? Што сака најмногу да прави, кои песнички ги слуша, омилена храна?
- Па со оглед на тоа што има 10 месеци сè уште е мал за да можеме да кажеме што му е омилено, се го интересира, а највеќе животни.
ЖМ: Кој е вашиот план за ова лето, на која летна дестинација ќе уживате?
- Хрватска, Ровињ.
ЖМ: Ровињ е местото каде што се венчавте со вашата сопруга Андреа, но каде и како започна вашата љубовна приказна?
- Од социјални мрежи преку Театар Комедија.
ЖМ: Што е за вас важно за да се постигне хармонија во едно семејство?
- Љубов што значи Бог, што значи разбирање, што значи заедница.
ЖМ: Колку улогата на родител ве промени вас како личност?
- Манифестациите за татковството ми помогнаа да го живеам тоа што го замислував, што значи знаев што да очекувам без многу да се изненадам за промените.
ЖМ: Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“. Која е улогата на таткото во семејството?
- Не само на таткото туку и на мајката, заедничката улога е да ја негуваат заедницата.
ЖМ: Што подготвувате на професионален план?
- Многу работи се подготвува како во Македонија така и во Белград, но да ја почекаме есента па да оставиме делата да говорат за нас.
Габриела Додевска ГлигоровскаФото: Инстаграм