Нема да верувате: Зошто невестата носи вел на свадбата?
Некогаш го покривале целото лице со непроѕирен вел
Сечие срце чука кога ќе ја види оваа сцена - убава
млада жена, во долга бела венчаница, оди кон нејзиниот сакан за да го кажат
судбоносно „да“. Во тие моменти, повеќето од невестите го покриваат лицето со
долг проѕирен вел или вел од чипка. Но, иако овој обичај е прекрасен за
повеќето луѓе, неговото потекло е всушност далеку од романтично.
Повеќето луѓе не го знаат ова, но обичајот невестата
да го покрива лицето е векови постар од обичајот да се носи венчаница. А,
всушност, во поголемиот дел од историјата, велот не бил ниту бел ниту проѕирен.
Велот не бил ниту траспарентен ниту бел
Повеќето ентолози и антрополози се согласуваат
дека потеклото на велот на невестата треба да се бара во античко време кога
девојчињата ги криеле своите лица, за да се заштитат од зли духови.
Традиција која ќе ве наежи
Велот бил правен по нарачка, точно според висината
и другите мерки на идната невеста, а по церемонијата бил внимателно чуван. Кога
ќе дојде време, а тоа било, кога жената ќе почине, се користел како дел од погребот.
Грците и Римјаните од минатото носеле црвени и
жолти велови што симболизирале оган со цел да ги исплашат и да ги избркаат
злите духови и демони. Римјаните отишле толку далеку што во еден момент од
историјата, младите биле целосно покриени со црвен превез за време на целата
венчавка.
Во Европа, договорените бракови биле нормални, а
има и такви кои тврдат дека девојките носеле вел за да го спречат нивниот иден
сопруг да го види нивното лице до крајот на свадбената церемонија. Теоретски,
ако не им се допаднело тоа што ќе го видат кога невестата ќе го соблече велот,
доцна било да се премисли.
Далечно ехо од овој обичај може да се види денес
во еврејската традиција во која младите носат вел со цел да им покажат на сите
дека младоженецот не се омажи за девојче само заради физичкиот изглед, но и за духовните
вредности.
(ФОТО) Младенци пуштија пеперутки на свадбата, она што се случи ќе ве расплаче