(ФОТО) Младенци пуштија пеперутки на свадбата, она што се случи ќе ве расплаче

Најчесто белите гулаби се ослободуваат како знак на среќа и просперитет на свадбите, но, една двојка реши да ослободи  пеперутки.

Лидија и Макс Ван Гранир дозволија пеперутките да се ослободат во чест на починатата сестра на младоженецот, која се викаше Ванеса. Во текот на церемонијата се ослободија пеперутките и тогаш се создале навистина магични сцени.Тие не беа таму само заради естетиката или фактот дека ова беше омиленото животно на младенците, но зад нивниот избор стоеше трогателна приказна.

Откако беше убиена во сообраќајна несреќа во текот на Божиќните празници пред неколку години, нејзиното семејство вети дека ќе и оддава чест секогаш со пеперутки.

Така на својата свадба младенците ослободија пеперутки наместо гулаби во чест на загинатата сестра на младоженецот, но тие немаа идеја колку посебен ќе стане тој момент.

Непосредно пред парот да ги каже своите завети, родителите на Макс пуштија големи црно-портокалови пеперутки, во чест на Ванеса, која тогаш требаше да го прослави својот 29 роденден. Сцената што тогаш успеал да ја фотографира фотографот била  едноставно волшебна.

Неочекувани сцени со неверојатни детали

 Наместо да летаат на небото, пеперутките застанале околу роднините и пријателите на младенците, и летале околу собраните гости во текот на целата церемонија. Некои од нив решија да останат на рецепцијата, а две пеперутки слетале на венчаницата на Лидија и ја „придружуваа“ до олтарот.

Исто така, се покажа дека пеперутките особено ги обожавале родителите на младоженецот, а една останала на прстот на мајка му како голем прстен во текот на церемонијата. Додека друга застанала на вратот на невестата и останала таму за време на говорот, откри фотографот чии дела станаа вистински хит на социјалните медиуми.

„Ванеса цело време беше со нас“

Во многу религии и култури ширум светот, пеперутките се сметаат за симбол на раѓање и врска со повисоко битие. 

Меѓу воодушевените коментатори беше и невестата Лидија која напиша: „Ванеса цело време беше со нас. Денот на мојата свадба го оживувам секој пат кога ќе ги погледнам овие фотографии. Вие го фативте секој момент од таа убавина“.

Навистина трогателна приказна, зар не?