Нема проблем и без грам шминка да покаже дека е една од најубавите кај нас: Девојкатата едноставно зрачи
Викторија Лоба важи за една од најубавите пејачки на нашите простори, а посебно е впечатлива по својот изглед за кои се задолжени руските корени. Македонката со руско потекло покрај настапите, до неодамна беше актуелна и по гламурозната свадба на која изгледаше како светски модел.
Таа не крие дека обожава да се негува, но и да направи по некоја ситна естетска корекција, сепак не може да се оспори фактот дека изгледа прекрасно без да употребува било каков козметички производ за разубавување.
Тоа го докажа и овој пат откако на крајот на работниот ден, објави фотографија на својот Инстаграм профил на која е во лежерна комбинација, без да има воопшто шминка.
Лоба едноставно зрачи, а попатно ги охрабри и своите колешки да не се срамат да го покажат своето лице без шминка и Инста-филтери.
Сепак природната убавина е важна, а уште поважно е каква енергија носиме со себе и како зрачиме.