Актуелно // Insta вести
Нема срам, не даваме никоја мајка да се откаже: Ирина Дишо со детали за искачувањето со бебиња до Средно Водно
- 14 Септември, 2023
Познатата алпинистка и планинарка Ирина Дишо која е сопруга на познатиот Павле Камилоски по породувањето набрзо им се врати на патеките за движење и спорт, а сега нејзин придружник е малиот Јосиф.
Воедно таа направи и една акција на која повика мајки со бебиња за ѝ се придружат при искачувањето до Средно Водно.
Така и се придружија повеќе мајки, меѓу кои и снаата на Дац, Софија и заедно прват дружби до Средно Водно.
Овој пат Ирина на својот профил на Инстаграм одговори на најпоставуваните прашања во врска со планинарењето со бебиња.