Актуелно // Insta вести
Јосиф и Гаиа со мама Ирина и Софија на планинарење: На чист воздух најубаво се спие
Познатата алпинистка и планинарка Ирина Дишо која е сопруга на познатиот Павле Камилоски по породувањето набрзо им се врати на патеките за движење и спорт, а сега нејзин придружник е малиот Јосиф.
Дишо често е активна на социјалните мрежи каде го споделува секојдневието, а нивната прва среќа која им го разубавува животот е во центар на вниманието.
Последните неколку недели Ирина планинари на Водно, каде друштво покрај малиот Јосиф и прави и сопругот, но вчера нејзин другар во пешачењето беше снаата на познатиот актер Драган Спасов Дац, Софија.
Додека Јосиф уживаше во прегратките на мама Ирина, малата Гаиа внуката на Дац, си уживаше со мама Софи.
Браво за овие мајки, кои можат да бидат пример и инспирација за многу други.
Еден месец цел свет во мојот дом: Синот на Ирина Дишо и пејачот Павле Камиловски наполни еден месецПрво летување со мама и тато: Вака внуката на Дац ужива на Халкидики