„Немаше скршен денар во џеб “: Иван Маринковиќ брутално ја понижи Гоца Тржан – жестока „војна“се води помеѓу поранешните сопружници

Добивај вести на Viber

Жестоко!

Гоца Тржан неодамна јавно проговори за својот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, со што предизвика големо негодување кај познаиот ријалити учесник, па ниту тој не и остана „должен“.

Овој пат одлучи да и се одмазди на Гоца, па изнесе неколку шокантни тврдења од нивниот заеднички живот.

- Некаде прочитав дека изјавила оти ми го спасила животот. Таа ми го спаси животот кога бев болна во еден момент, но ми беше сопруга, па таа вечер мораше да биде покрај мене, многу ти благодарам што ми го спаси животот. Ќе потсетам како јас и го спасив животот, кога ја запознав и немаше денар во џебот, а кога велам немаше  денар, сериозно мислам затоа што претходниот дечко и украл 20.000 евра, изјави Иван.

Тој изјави дека не се „вселил“ кај неа бидејќи имал пари, туку дека всушност живееле многу скромно.

- Во тој момент се борев и работев за неа и нашиот живот, не се вдомив кај популарната пејачка. Напротив, таа имаше нула динари, а ние живеевме скромен живот - повтори тој за српските медиуми.


Фото:screenshot