НЕОБИЧНА ПРИКАЗНА: Професор по информатика нема компјутер

Професор од Гана предава информатика иако нема компјутер.

Овој човек е хит на социјалните мрежи кога објавил фотографии како на табла нацртал мени од Мајкрософт ворд и истото им го објаснува на учениците.

Училиштето во рурална Гана, каде што работи Овура Квадво, не можело да си дозволи компјутер. Но, Квадво сакал да им помогне на учениците да се запознаат со изгледот и функцијата на компјутерот, па одлучил тоа да им го овозможи со помош на визуелната уметност. 

На овој човек од Мајкрософт му ветија компјутер.