Неодоливо зелен мини фустан со стомачето во преден план: Хана Хуљиќ привлече големо внимание на концертот на Петар Грашо

Добивај вести на Viber

Популарниот пејач Петар Грашо настапи во родниот град Сплит, а меѓу оние кои најмногу уживаа беше и неговата сопруга Хана.

Поп-пејачот Петар Грашо (45) изминативе месеци е во центарот на вниманието на регионалната јавност поради љубовта со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ. Набрзо се дозна дека 14 години помладата Хана е бремена, а потоа и дека двојката планира свадба, која неодамна се случи во Сплит.

Парот неодамна го кажа судбоносното „да“ во црквата Свети Доминик, на интимна церемонија на која се собраа најблиските.

Во јули доаѓа приновата: Откриен полот на бебето на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

По концертот кој го одржа во Загреб, пејачот сега настапи и во родниот Сплит, во познатата Спаладиум Арена. На настапот на Грашо се собраа околу 12.000 луѓе, а меѓу оние кои најмногу уживаа во хитовите се неговата сопруга Хана и нејзините родители Тончи и Вјекослава Хуљиќ.


Хана и Вјекослава седеа високо на трибините, а младата трудница привлече големо внимание на публиката. Не се трудеше да биде незабележлива - се појави во мини фустан со преклоп, модел од зелен сатен, кој го истакна трудничкиот стомак на Хана. Таа носеше и црни хулахопки, кратки црни моторџиски чизми и едноставна црна чанта.

Инаку, за време на настапот, публиката во еден момент го крена натписот „Каде е Хана“, што го насмеа Грашо, а додека ја изведуваше песната „Срце за водича“, рече дека „Хана е горе“.

извор:GLOSSY