Непослушната богаташка на Холивуд: Запознајте ја Никола Пелц-идната госпоѓа Бекам

Добивај вести на Viber

Вереницата на Бруклин Бекам, убавата Никола Пелц, доби прстен вреден милиони од Бруклин, а Викторија и Дејвид Бекам се воодушевени од нивната идна снаа

Свршеницата на Бруклин Бекам, минатата година започна врска со најстариот син на семејството Бекам, а веќе на почетокот на 2020 година почнаа да живеат заедно.

Викторија и Дејвид Бекам не можеа да ја сокријат среќата, бидејќи конечно можеа јавно да им честитаат на нивниот син Бруклин Бекам и Никола Пелц за свршувачката. Врската, која започна во октомври 2019 година, стана јавна во јануари, а во март почнаа да живеат заедно во Њујорк.

View this post on Instagram

A post shared by (@nicolaannepeltz)



А сега врската е официјализирана со вреден веренички прстен. Според странскиот печат, венчавката треба да се одржи следното лето, и тоа по една на двете страни на Атлантикот.

- Дејвид и Викторија се пресреќни. Свесни се дека конечно нашол девојка која поради слава и пари не е со него. Сè уште е рано да се каже датумот, но венчавката најверојатно ќе биде на крајот на следното лето или почетокот на есента - открил извор близок до Бекамови.

Среќата не ја крие ниту американскиот милијардер, таткото на Никола Пелц, Нелсон Пелц, кој е прилично дарежлив кога се во прашање неговите деца. Тој потроши повеќе од милион долари на Бар Мицва, организиран во 2016 година, за неговите синови близнаци. Затоа веројатно нема да жали колку ќе потроши на денот од соништата на својата миленичка.

View this post on Instagram

A post shared by (@nicolaannepeltz)



Вереницата на Бруклин Бекам - која е точно идната госпоѓа Бекам?

Но, која е точно идната госпоѓа Бекам и колку вистина има во приказните за тоа каква е таа во општеството, па и пошироко, позната како „злобната девојка“, како и дека нејзиниот татко е добар пријател на Доналд Трамп и покојниот педофил Џефри Епштајн.

25-годишната Никола Пелц е најмладата од осумте деца, меѓу кои шест сина и две ќерки на американскиот милионер Нелсон Пелц. Во досегашните интервјуа секогаш истакнувала како во детството била маж и сонувала да стане професионален хокеар. Но, тие соништа набрзо станале заборавени, кога на 12-годишна возраст се запишала на часови по глума.

„Мислам дека татко ми беше убеден дека ќе бидам во женската хокеарска лига, но јас се заљубив во глумата и побарав од мајка ми да ми дозволи да глумам“, изјавила свршеницата на Бруклин, Бекам. Инаку, таа веќе имаше камео улога како 13-годишна девојка во поп-спотот на Мајли Сајрус. Но, таа е најпозната по улогата на ќерката на Марк Валберг во „Transformers: Time of Extinction“, а се појави и во телевизиската серија „Inhumans“.

Повеќе од кариерата, јавноста ја забавуваше нивниот љубовен избор. Во 2016 година беше во врска со Џастин Бибер, кој беше фасциниран од неа. Но, врската не траеше предолго, а следната година беше снимена во прегратките на денешното момче на Дуа Липа и брат на Џиџи и Бела Хадид, Анвар Хадид. Поминаа една година заедно, а откако беше снимен како се бакнува со Кендал Џенер, љубоморната Никола Пелц го отследила целото семејство од Инстаграм.

Таа го запознала Бруклин Бекам преку заедничката пријателка Софија Ричи, посвоената ќерка на пејачот Лајонел Ричи, а врската ја започнаа во октомври 2019 година.

Откако го имаа своето прво, официјално заедничко излегување во Лос Анџелес во јануари, тие отидоа заедно на Париската модна недела оваа пролет, каде Бруклин ја нарече „љубовта на својот живот“.

View this post on Instagram

A post shared by (@nicolaannepeltz)



Свршеницата на Бруклин Бекам им се допаѓа на Викторија и Дејвид - го скроти нивниот распутшен син

Дека неговиот љубовен избор многу им се допаднал на неговите родители, особено на модната дизајнерка Викторија Бекам, беше јасно на прославата на 21-виот роденден на Бруклин Бекам овој март во Котсволдс. На забавата, Викторија и нејзината идна снаа беа снимени како го пеат хитот на Глорија Гејнор „I Will Survive“.

Наводно Викторија ѝ е многу благодарна на младата Никола што го смирила нејзиниот син кој бил на најдобар пат да создаде лоша репутација поради постојаното менување на девојките, пишува tportal.hr.

Таткото на Никола Пелц се занимава со инвестиции, а неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, па за него Бекамови со богатство од 370 милиони фунти се „гола вода“. Нелсон Пелц има и два приватни авиони, своето богатство го стекнал сам, а наводно има репутација на тврдоглав човек кој не се откажува од своите планови. Откако го напуштил колеџот во 1962 година, тој почнал да го гради своето богатство продавајќи замрзната храна во Бруклин, и на крајот станал најголемиот дистрибутер на замрзната храна на североистокот. За него велат дека е „човек од улица и знае што сака масата“.

Кој е татко на свршеницата на Бруклин Бекам - моќен милионер со опасни врски

Пелк (77) е американски бизнисмен и инвеститор, член на извршниот одбор на некои од најголемите американски маркетинг компании и партнер во компанијата Венди, која е специјализирана за брза храна. Тој е акционер во неколку други големи компании како Legg Mason, Procter & Gamble, Sysco и The Madison Square Garden Company. Ова еврејско семејство има репутација во многу моќни кругови низ Соединетите Американски Држави, а колку се важни покажува и фактот што и претседателот Доналд Трамп дојде на нивната неодамна организирана вечера на имот во Флорида.

Но, тоа не е се. Неговиот телефонски број наводно бил пронајден меѓу илјадници други во црната книга на Џефри Епштајн, а се вели дека тој бил еден од можните инвеститори кои сакале да го купат New York Magazine од него.



Никола Пелц ја наследи убавината од нејзината мајка - манекенката Клаудија Пелц

Нелсон и неговата сопруга, поранешната манекенка Клаудија Пелц, која всушност е негова трета сопруга и мајка на неговите осум, од вкупно десет деца, се познати како луѓе кои отпуштаат вработени кога и како сакаат. Во 2016 година се најдоа на суд кога нивниот возач и шетач на кучиња Хуан Гонзалес ги тужеше затоа што го отпуштија поради тоа што зеде боледување поради болест.


Родителите на Никола Пелц се во брак од 1985 година, а страст на нејзината мајка се дијамантите и филантропијата. Сопственици се мега вили во Бедфорд, Њујорк, кои се протегаат на 130 хектари. Имаат огромно приватно езеро и водопад, јато албино пауни кои слободно шетаат низ имотот, додека внатре во куќата имаат вистинско лизгалиште. Големите љубители на уметноста имаат голема колекција на слики, вклучувајќи дела од Реноар, Сезан и Дега.

Нелсон Пелц извесен период одел на работа со приватен хеликоптер, но се откажал бидејќи соседите го тужеле поради бучава.

- Моите деца секојдневно добро се изморуваат и на тој начин ги чувам подалеку од глупоста. Фитнес, хокеј, домашни задачи... Премногу се уморни за да влезат во неволја. Не сакам никогаш да ме видат како шетам со торба полна со палки за голф. Сакам да видат колку напорно работам, бидејќи од тоа ќе го научат најдоброто – изјави еднаш Пелц.



Никола Пелц пораснала со шест браќа

Растењето со шест постари браќа беше многу безбедно за неа бидејќи, во повеќето случаи, тие беа премногу заштитнички настроени.

- Некои со мене се однесуваат позаштитнички од другите, но јас секогаш ги прашувам за совет. Јас секогаш ќе бидам бебето во семејството.Јас сум најмладата сестра, но растењето со толку многу мажи во куќата можеше само да ме зајакне.

30-годишниот Бред Пелц е познат хокеар, три години постариот Вилијам долго време се занимава со актерство, а тука се и 17-годишните близнаци Захари и Грегори, како и Метју и Бретани. Младата Никола е исклучително поврзана со родителите, а доказ за тоа се бројните фотографии на социјалните мрежи, а мајка си често ја нарекува и најдобра пријателка.


Фото: Инстаграм