Несреќна жена раскажува: Свекрвата влегува како нинџа додека сме интимни со сопругот

Една жена, која живее со својот сопруг и со неговите родители, е многу лута на нејзината свекрва, која честопати влегувала во нивната спална соба за време на сексуалниот чин.

„За време на првите две години од бракот, свекрвата неочекувано влегуваше во нашата соба и често пати не начекуваше каде што водиме љубов. И покрај неприкладните доцни часови, таа доаѓаше кај нас сакајќи да разговараме, охрабрувајќи не да продолжиме со нашата работа“,се сеќава жената која сега живее со својот сопруг и децата во друга куќа.

„Иако се обидовме да бидеме колку што е можно повеќе тивки, таасекогаш влегуваше кај нас баш кога водевме љубов. Зачудувачки е што секој пат како таа да знаеше што правиме, колку и да бевме спонтани. Сè уште сум убедена дека таа имаше  некаде скриена камера, што, се разбира, никогаш не ја најдов. И денес се плашам дека таа ќе влезе во  просторијата иако веќе не живееме заедно“ ,сподели несреќната жена на еден американски портал, т.е на блог.

Читателите беа згрозени.

„Многу ми е жал! Тоа е одвратно и срамно“, напиша читателка .

„Жал ми е што си морала да се справиш со тоа. Толку е бизарно “, додаде друга.

Оваа приказна ги натера другите да ги споделат своите искуства.

„О, ете ја свекрва ми. Претежно е бучна и има хронична кашлица, но кога сопруг и јас сме интимни, таа се претвора во нинџа и брза во собата без предупредување. Кога ќе почнеме да се облекуваме брзо, таа секогаш се смее и вели: „Не грижите се, јас сум го видела сето тоа  и порано!“ , напиша друга  корисничка на порталот.