Неуспешен фудбалер преку ноќ стана милионер кога се ожени за 18 години постара: „Татко ми ми понуди богатство да ја оставам“

Добивај вести на Viber

Веројатно никој не се сеќава на овој фудбалер, но тој денес е среќно оженет со 18 години постарата милионерка Каролин и ужива во животот

Серхио Кариљо веројатно заборавил дека порано играше фудбал и беше поранешен талент на Реал Мадрид. За жал, во текот на својата фудбалска кариера, тој никогаш не успеа да го исполни својот целосен потенцијал.

На 18-годишна возраст, во 2012 година, тој потпиша договор со кралскиот клуб, но играше само за резервниот тим и ја чекаше својата можност, која никогаш не дојде. Ниту најжестоките навивачи на Реал не се сеќаваат на Серхио.


Во 2018 година заминал во САД и тоа секако целосно му го променило животот. Додека студирал онлајн маркетинг во Лос Анџелес, ја запознал својата сегашна сопруга Керолин Стенбери, милионерка од Велика Британија која е 18 години постара од него.


Нивната љубовна приказна започнала во 2020 година. Веќе во 2021 година, на зимски одмор на Хималаите, Караљо решил да ја запроси убавата и богата Каролина. Тие се венчаа истата година, а венчавката беше очекувано гламурозна. Така поранешниот пропаднат фудбалер преку ноќ стана милионер.

Керолин Стенбери е позната актерка и ТВ ѕвезда од Велика Британија, која потекнува од богато семејство, но е и инфлуенсерка на Инстаграм, па се проценува дека заработува 5.000 фунти по објава!

Покрај тоа, Керолин беше во брак 18 години со турскиот тајкун Џем Хабиб. Караљо вели дека нејзиното минато не му е важно и дека меѓу нив се случила љубов на прв поглед, која е присутна и денес.


Керолин Стенбери во едно интервју открила дека мислела дека таткото на Серхио мислел дека таа е „луда старица“ која го сака неговиот син за се*с.

Таа не крие дека била шокирана од овие сознанија поврзани со неговиот татко, но признава дека исто би се чувствувала и кога би било ист случај и со еден од нејзините синови.


„Мислам дека тој мислеше дека сум луда старица која очајно сакаше да се омажи за неговиот млад син или да го задржам како сексуален роб“, рече таа.

Караљо ја откри и чудната понуда на татко му: „Откако се запознавме не сме разделени. Ние сме сродни души. Татко ми ми рече дека ќе ми ги даде сите пари на светот ако се разделиме, а мајка ми почна да плаче кога дозна за нашата врска. На крајот ја запознаа и сега ја сакаат како своја ќерка“.


Двајцата се преселиле во Дубаи, каде што поранешниот фудбалер сега води живот на шеик. Работи во недвижнини, патува со хеликоптер и приватен авион, има дом од соништата и гаража со автомобили вредни неколку милиони евра. И како што вели, неговите фудбалски соништа се само убаво минато, пишува espreso.co.rs


Фото и Видео: Инстаграм