Неверојатен колач: Вкус кој буквално ќе ве однесе на „Седмо небо“

Добивај вести на Viber


Постојат разни видови на торти и колачи, но некои се издвојуваат по својот специфичен вкус. Токму овој колач кој е подобар од секоја торта, а тоа може да го потврди секој оној кој го пробал.

Штом ќе го видите списокот на состојки на колачот „Седмо небо“ ќе ви биде јасно зошто овој десерт е толку популарен на нашите простори и го носи ова име

За подготовка на кората во длабок сад изматете 8 белки со 200 гр. шеќер. Изматете ги во цврст снег. Потоа додадете ги мелените ореви и брашното. Убаво промешајте. Содржината излејте ја во калап со димензии 42×32. Израмнете и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Откако ќе се олади кората исечете ја на 2 дела. За подготовка на кокос кората, во длабок сад изматете 5 белки со 5 супени лажици шеќер. Изматете во цврст снег па додадете го кокосот и убаво соединете. Содржината излејте ја во тава за печење.

Печете 15 минути додека не порумени.

За подготовка на кремот, во длабок сад изматете ги 13-те жолчки со 250гр. шеќер. Потоа ставете ги на пареа. Варете околу 12 минути. Потоа додадете го темното чоколадо и мешајте додека не се растопи. Тргнете од оган да се олади. На страна изматете го путерот па непрекинато матејќи, на два пати додадете го во кремот. Потоа на чинија за торта ставете ја првата половина од кората со ореви. Напрскајте ја убаво со млеко. Потоа премачкајте ја со половина од кремот. Врз кремот ставете ја кокос кората и неа попрскајте ја со млеко. Потоа премачкајте ја со остатокот од кремот. Врз кремот ставете ја другата половина од кората со ореви. Ставете во ладилник да се стегне. Шлаг кремот од ванила убаво изматете го а чоколадото растопете го. Извадете го колачот од ладилник и премачкајте го од сите страни со ванила кремот. Од горе прелијте со растопеното чоколадо. По желба декорирајте со лешници.

Состојки:

100 мл. млеко
450 гр. + 5 супени лажици шеќер
13 јајца
2 супени лажици брашно
малку зејтин
250 гр. путер
100 гр. кокос
250 гр. мелени ореви
по желба лешници
100 гр. црно чоколадо
100 гр. млечно чоколадо
едно пакување шлаг крем од ванила

Пријатен апетит