Неверојатно: Дури 12 акушерки бремени во исто време - фотографија која зборува повеќе од илјада зборови

Во едно породилиште во сојузната држава Вирџинија во САД, дванаесет вработени годинава очекуваат ново бебе.

Во одделот за привремено родени бебиња во американското породилиште годинава во блажена  состојба останале 12 работнички. Некои веќе се породиле, а некои ќе се породат до крајот на годината.

Целиот тим на медицинска сестра останале трудни. Меѓу нив е и медицинска сестра која моментално вежба, како и секретарката на одделението.

Во март и мај се родени две девојчиња. Во јули се родијле четири бебиња, во август се очекуваат уште три бебиња. Од септември до ноември се очекува по едно раѓање секој месец.

Трудниците вработени во породилиштето си помагаат и ги споделуваат своите искуства.


Хејли, медицинска сестра која чека машко бебе, ги сподели своите чувства.

  - Поддршката и пријателството што ги чувствуваме една кон друга е навистина неверојатно. Никогаш не треба да се грижиме бидејќи знаеме дека сме тука една за друга. Кога некому му треба пауза или преглед на лекар, знаеме дека можеме да сметаме една на друга за да се вклучиме и да помогнеме. Без разлика на се‘, секогаш се грижиме за колешките.

Џеки, друга медицинска сестра која веќе има четири деца, нагласи:

- Ова искуство не‘ зближи уште повеќе како тим и се разбираме без зборови.

Трудниците кои работат во родилиштето забележале дека необичната ситуација им носи нова енергија, како и дека заедно со нив се радувале и пациентите.


Фото: Фејсбук/фреепик