Ни по цена на животот нема да те послушам: Мишо Ковач го ризикуваше здравјето

Легендата на хрватската и на екс југословенската музичка сцена, Мишо Ковач поради сериозни респираторни проблеми се лечеше на Клининката за пулмологија во Загреб. Поради тешката инфекција на белите дробови, Ковач остана во болницата три недели. Сега, тој е на домашно лечење и се чувствува подобро.

„Се настинав на концертот во Сплит, кој го одржав на крајот на минатата година, пред 12.000 луѓе. И тогаш, мојата ќерка Ивана се обидуваше да ме спречи да го одржам концертот, затоа што имав вирус. Но, јас не ја послушав и пеев со температура 39“, изавил Мишо.

„Мојот татко има 39 температура, и го убедувам да го одложи тој концерт, но тој ми вели: Не, ни по цена на животот нема да те послушам“, изјавила пејачката Ивана Ковач лани, пред концертот.

Вчера, во неговиот дом во Загреб, Мишо го посетил градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.

„Драги мој Мишо. Во октомври ќе одржиш голем концерт во Загреб. Само небото може да не раздели“, напишал Бандиќ на својот Фејбсук профил мислејќи на хитот на Мишо, „Само нас небо раставит може“.