НИЕ СМЕ ИЗВОР НА СОПСТВЕНИОТ НЕМИР: Мудри мисли на Исидора Бјелица
"Мирот е во нас, и немирот е во нас, сето друго е излив на тој наш мир и немир, па ни се чини дека доаѓа од надвор. А всушност, ние сме извор на се што влегува во нас", вели познатата српска писателка и драматург Исидора Бјелица.
На социјалните мрежи, авторката на бестселерите "Да се љуби и да се умре на Карибите", "Мирисот на небото" и многу други, често споделува мотивирачки мисли. "Не е целта на се во животот да гледаме со позитивен став. На проблемите треба да им се пристапи и да се решаваат. За џабе пари за скапи психотерапии, најдобрата терапија е дуалната.
Најголемите проблеми се решаваат на кафе со пријателка", изјави Бјелица за Женски магазин во Скопје, на промоцијата на книгата "Помагајте пријателки". На претходно гостување во Скопје, Бјелица , која храбро води битка со ракот, раскажа дека не ја знае точната бројка на нејзината најдрага колекција на шапки. Нејзин моден пример се принцезата Дајана која лично ја запизнала, но и Одри Хепберн, која се познавала со нејзината мајка. (М.Џ.)