Ние сме на работа, вие седете дома: Порача доктор Арбен од Дебар

Добивај вести на Viber

Арбен Аголи, лекар од Дебар на својот профил на Фејсбук објави фотографија со своите колешки кои во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”.


Со оваа порака, тие даваат поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа кои еден месец ќе бидат во карантин, но и да им дадат до знање на сите луѓе кои не ги почитуваат мерките од Владата, дека работата е сериозна и мора да бидеме свесни.

Во Дебар и Центар Жупа од вчера е прогласена кризна состојба. Надлежните институции спроведува посебен режим на движење, како и други активности за спречување на ширењето на коронавирусот.