Ние сме последната генерација која памети одмори и патувања без интернет: Последната генерација која живееше во моментот

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите српски инфлуенсери Марко Маријоковиќ, познат по видеата со неговата баба, како и по тоа што е човек кој многу ги цени семејните вредности на својот профил на Инстаграм објави фотографија за која напиша многу емотивен опис во кој ќе се пронајдат сите оние деца родени во 90-тите.

„Ја гледам оваа фотографија и ми паѓа на памет..

Ние сме на некој начин последната генерација на една ера.

Луѓе, ние сме последната генерација чија мајка не користела социјални мрежи како тинејџерка, последната генерација чија мајка едвај научила да користи паметен телефон...

Исто така, ние сме последната генерација чии татковци не играле видео игри и не одговарале на „сторињата“ на девојките со „емоџи фајр“…

Последната генерација која трпеше да не оди во тоалет за да не пропушти дел од епизода од серија на ТВ, која знае што е фиксен телефон и која памети одмори и патувања без интернет...

Последната генерација која живееше во моментот.“