Никако во време на Ковид-19: Знаци кои покажуваат дека на нашето тело му недостасува витамин Ц
Витаминот Ц е еден од главните витамини во нашето
тело. Една од најважните функции што ги извршува е формирање на коски, заби,
ткива, како и апсорпцијата на железо.
Витаминот Ц го има во цитрусните овошја, во јагодата, зелената пиперка која
периодов ја има во изобилство, во ананас, киви, и во многу други свежи овошја и
зеленчуци.
Недостатокот на витамин Ц во организмот го
сигнализира телото преку симптоми кои алармираат за овој недостаток. Еве неколку од нив:
* Меѓу симптомите што укажуваат на недостаток на
витамин Ц е истенчување на косата. Ова се должи на фактот дека овој витамин е
важен за одржување на протеините.
* Витаминот Ц е исто така поврзан со емоционалното
здравје. Ако нивото на овој важен витамин во вашето тело е ниско, тоа може да
доведе до иритација, немир и ментална нестабилност.
* Недостаток на витамин Ц, доведува до
развој на хронични инфекции. Тоа е исклучително важно за одбранбените механизми
на телото. Колку помалку витамин Ц има во нашето тело, толку повеќе се намалува
можноста да се уништат патогените кои предизвикуваат голем број на болести.
* Ако постојано сте уморни, вашето тело ве
предупредува за потребата од витамини, вклучително и витаминот Ц.
* Неговиот недостаток ќе доведе до побавно
заздравување на раните, бидејќи витамин Ц придонесува за правилно снабдување со
кислород и здравје на клетките.
* Лекарите ширум светот, дојдоа до заклучок дека телото може успешно да се справи со вируси вклучително и корона вирусот ако го јакнете телото и барем двапати на ден пиете Витамин Ц.
Затоа, не заборавајте редовно да консумирате храна која е богата со витамини, особено со витаминот Ц кој е многу важен за организмот, овој витамин исто така памага и во убавината и јачината на кожата.
Извор: edna.bg
Пет витамини и минерали кои жените треба да ги земаат по 30-тата година