Нико Беќароски: Младите ги оставаат старите и тие се трујат со киселини, по тоа сме први

Добивај вести на Viber

Докторот Нико Беќаровски денеска во Студио 10 на ТВ24 вели дека има се почесто труење на старата популација во Македонија, затоа што се оставени без надзор од младите кои заминуваат во странство.

- Слично е и кај нас. Кај нас има се почесто труење кај старата популација, чиишто деца заминале и останале сами. Во моментов на клиниката имаме стари лица кои презеле најрадикални мерки и испиле киселина или „доместос“ и на кои едноставно повеќе не им се живее оти се осамени, а децата им се во странство. Македонија е прва во Европа по труење со киселини. Во светот сме на четврто место, вели директорот на Клиниката за токсикологија. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк


Фото: Youtube - screenshoot