НИКОГАШ НЕ СМЕ ПРОБАЛЕ СМОКИ, НИТУ КИФЛИ, ДОАЃАМЕ ДОМА, ЈАДЕМЕ ШТО ИМА - еве ја тажната приказна на Кети и Лука

Добивај вести на Viber

„Сите јадат, јас со празни раце – гледам и трпам, другарчињата ми се смеат дека живеам во многу стара куќа, немам ниту патики ниту тренерки“.

Ова дефинитивно не треба да биде судбина на ниту едно дете во светот, за жал, во Македонија ги има многу. 12-годишната Кети во емисијата „Срце на дланка“ на телевизија Алфа раскажа за голготата низ која минуваат таа и нејзиното семејство. Николовски кои живеат во трошна куќа во планинско село, километри оддалчено од Кратово.

Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.

Со градот ги спојува неасфалтиран и ископан пат, по кој не поминува автобус. Поради ова, најголемиот син Марио и таткото Благе, и да најдат, не можат да стигнат на работа. Мајката Мери е постојано со најмалото дете – 10 годишниот Лука, кој не е самостоен поради природата на неговата болест.

Детали на фактор.мк