Никогаш повеќе нема да морате да пеглате: Домашен спреј со три состојки, со кој ќе заборавите на пеглата засекогаш
Една мајка сподели
одличен трик кој ќе ви помогне никогаш повеќе да не пеглате
Пеглањето е домашна работа во која повеќето луѓе ни најмалку не уживаат, а една мајка по име Шантел Мила сподели со светот трик кој ќе ви помогне да заборавите на пеглањето. Се што ви треба е домашен спреј кој ќе ви ја исправи облеката за пет минути.
Шантел објасни дека ви требаат две чаши вода, лажица алкохолен оцет за да ја омекне облеката и лажица регенератор за коса, кој ќе помогне да се омекнат влакната од материјалот, за да се исправи.
Потоа ги меша овие три состојки во шише со пумпица за распрскување, кое потоа го прска на збрчканата облека. После тоа, тоа малку ја исправа облеката, пред да ја закачи на закачалка да стои пет минути - и толку!
Својот трик таа го објави во видео кое стана многу вирално на социјалните мрежи и порача дека овој трик ќе биде многу корисен на патувањата или кога, на пример, немате време да испеглате облека за на работа наутро.
„Морам да го пробам ова! Страшно сум мрзелива кога е во прашање пеглањето", коментирала една девојка.
Фото: фреепик
Видео: Инстаграм